Шкендија во плејофот на Конференциската лига ќе се соочи со турскиот прволигаш Самсунспор, кој би можело да се засили со вистинска ѕвезда од Премиер лигата. Се работи за Рахим Стерлинг.
Англичанецот пред неколку дена го раскина договорот со Челзи и сега е во преговори со неколку клубови, меѓу кои Фулам, Вест хем и Унион Берлин, но турскиот Самсунспор се вклучи во трката во последен момент и сериозно се обидува да го донесе како големо засилување за вториот дел од сезоната.
Стерлинг ќе биде вистинска „бомба“ за турската лига, со оглед на тоа што во кариерата играше за Ливерпул, Манчестер сити, Челзи и за Арсенал.
Првиот меч меѓу Шкендија и Самсунспор ќе се игра во Скопје, на 19 февруари, од 21:00 часот, додека реваншот е закажан седум дена подоцна во Турција од 18:45 часот.

