Ривалот на Вардар во КЛ веќе 14 години по ред игра во Европа, но е „вреќа за полнење со голови“

По неколку години борба со финансиска криза и неизвесност околу опстојувањето на клубот, минатата сезона Вардар конечно се врати на „стабилни нози“. Челниците на Црвено-црните успеаја да исплатат неколку милиони евра натрупани долгови во изминатите сезони и по осум години да ја одблокираат сметката.

Со самото одблокирање на сметката и фактот дека Вардар го освои Купот на Македонија (прв по пауза од 18 години), значеше излез на најтрофејниот клуб во европски рамки.

Вардар денеска го доби својот ривал во првото коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. Иако Вардар беше во групата на неносители, може да се каже дека нашиот претставник ќе ја има фаворитската улога во двомечот со тимот на Ла Фиорита од Сан Марино.

Сан Марино ја има најслабата репрезентација во светот спред рангирањето на ФИФА-листата, па јасно е дека и клупскиот фудбал не може да биде многу подобар. Ла Фиорита е тим кој заврши на второто место во сезоната којашто заврши и на тој начин овој клуб по 14-ти пат по ред обезбеди место за излез во Европа.

Во 2012 година Ла Фиорина првпат заигра во Европа и оттогаш секоја сезона игра во Европа. Сепак, резултатите на овој аматерски клуб се очајни. Вкупно има одиграно 29 натпревари, од кои има 25 порази, само три нерешени и една единствена победа, и тоа над Ислош Минск од Белорусија со 1:0 минатата сезона.

Вкупната гол-разлика на Ла Фиорина во Европа во изминативе 13 години е само седум дадени голови и дури 78 примени погодоци.

Еве ги резултатите на Ла Фиорина во Европа во последните 13 сезони. Вардар дефинитивно има големи шанси да ја помине првата европска препрека.

- Оглас -

Најнови вести