Мал беше процентот на прогнозери кои веруваа во победи на Реал Мадрид на „Камп ноу“ и на Лестер на гости кај Арсенал, па затоа и нема многу успех во седмото коло на Спортска прогноза. Роберт А. е единствениот кој успеа да погоди 10 пара, но тоа не беше доволно да добие барем ваучер во Sport Life, додека главната премија мобилен телефон „ајфон 11“ остана недопирлива.
Веќе се познати паровите за новото осмо коло, каде што повторно доминираат мечеви од Топ 5 лигите во Европа. Од сите дуели, посебно внимание привлекува дербито во Премиер лигата меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал. Ова ривалство на трофејните клубови трае повеќе од 120 години. Првиот меч го имаат одиграно на 13 октомври 1894 година, а досега се сретнале дури 233 пати.
Манчестер има 97 победи, Арсенал се радувал на 84 средби, а 52 меча завршиле нерешено. Црвените ѓаволи се домаќини в недела, но тоа не значи дека гостите од Лондон се без шанси.
Освен дербито на „Олд Трафорд“, во понудата има уште 12 интересни средби. Доколку успеете да погодите Среќна 13-ка, ќе бидете добитник на мобилниот телефон „ајфон 11“, додека со една или две утки ви следува вредносен ваучер од Sport Life во износ од 1.000 или 500 денари.
Не чекајте, осмото коло започна и прогнозирајте!