Црвена ѕвезда без многу проблеми стигна до нова титула во првенството на Србија, откако со 2:0 во финалната серија славеше над ФМП. Плејофот во Србија беше посиромашен по откажиувањето на Партизан. Црно-белите беа револтирани поради многуте инциденти кои се случуваа во финалето на АБА лигата, во кое Партизан со 2:3 во победи загуби токму од најголемиот ривал.
Во АБА лигата Црвена Ѕвезда и Партизан сега се израмнети со по шест титули, но кога се работи за трофеите во домашниот шампионат, тука Црвена ѕвезда се најде пред вечниот ривал.
Ако се сметаат трофеите во првенството од 1945 година до денеска, Црвена ѕвезда има освоено вкупно 22 пехари во домашното првенство, додека Партизан има 21 трофеј. Партизан последната титула во првенството ја има во 2014 година, што значи дека нивниот најголем ривал речиси една деценија има доминација во кошаркарското првенство.