2501 Валеренга – Викинг (18.00 часот)
Ова е дуел од норвешката лига помеѓу два тима кои се во спротивно расположение и форма. Викинг е четврти на табелата и има две победи по ред, а Валеренга после трите порази во низа падна на 13-то место. Викинзите имаат двојно повеќе бодови од Валеренга, а имаат и повеќе дадени и примени голови од тимот на кој му гостуваат вечерва. Сезонава многу ретко играат нерешено, а традицијата покажува дека двата тима даваат гол на шест меѓусебни мечеви по ред и само еднаш не било 3+ голови.
Предлог тип: Х2 & 3+ (2.75)
3533 Неман – БАТЕ Борисов (19.03 часот)
Неман е лидер на табелата во белоруската лига, има 29 бода од 12 кола, и само шест примени голови. БАТЕ е во криза, пет кола по ред не знае за победа и моментно е шести на табелата, што е катастрофа за нив. Ако се гледа само оваа сезона, тогаш Неман е фаворит и ова треба да биде кец, но историјата кажува нешто друго. Неман десет години нема победа во лигашки меч против БАТЕ, а последниот дуел им беше во мај во купот, БАТЕ победи на пенали.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.91)
4203 Баракас с. – Ривер плејт (20.00 часот)
Големиот Ривер плејт е лидер во аргентинската лига и има комотни десет бода предност пред Талјерес Кордоба, а истотака е и најефикасен тим во лигата со 39 гола на 21 меч. Баракас е 20-ти, осум тима се под него, а овој скромен тим во последните три кола освои само два бода. Ривер е во долга победничка серија и тешко дека таа ќе запре вечерва, иако Баракас уште од април нема пораз на свој терен.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.40)
6701 Шпанија У21 – Швајцарија У21 (21.00 часот)
Ова е четвртфинален меч на младинското ЕП, а победникот оди во полуфинале на Франција или Украина. Шпанците се фаворити на оваа средба во Букурешт, тие без проблеми се пласираа меѓу осумте најдобри, само Франција има дадено повеќе голови од нив. Од друга страна, Швајцарците среќно се пробија во четвртфиналето, со само три освоени бодови и една победа и два порази на три меча во групната фаза.
Предлог тип: Т1 1+I&1+II (2.03)
4242 Сао Пауло – Флуминенсе (21.00 часот)
Сао Пауло има три порази во последните четири кола, додека гостите од Рио де Жанеиро кои во своите редови ги имаат екс играчот на Реал Мадрид, Марсело, и Фелипе Мело, четири кола не знае за пораз. Флу има само три бода повеќе од Сао Пауло, а на табелата е за дури седум места погоре. Кај Сао Пауло, листата на повредени е доста долга, на неа е и искусниот Пато. Последниот меѓусебен дуел им беше во декември, Флуминенсе победи со 3-1, но во Сао Пауло, Флуминенсе не победил од 2019 година наваму.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.10)