Аргентинскиот фудбалски гигант Ривер Плејт има амбициозен план, сака да го донесе Кевин де Бројне во своите редови, јавува „TyC Sports“.
Целта на Ривер е Белгиецот да биде дел од тимот на првото Светско клупско првенство кое ќе се одржи според новиот формат. Клубот сака со вакво засилување да ја зголеми својата популарност и привлечност и на континентално и на светско ниво, доведувајќи фудбалски ѕвезди со големо искуство.
Де Бројне има договор со Манчестер сити до крајот на оваа сезона и речиси е сигурно дека ќе ја напушти екипата по една деценија исполнета со трофеи, но и со проблеми оваа сезона.
Во тековната сезона, 33-годишниот белгиски плејмејкер има одиграно 30 натпревари за Сити, постигна четири гола и запиша седум асистенции, но неговото влијание е далеку од тоа што беше во најдобрите години.
Ова би била вистинска сензација во светскиот фудбал, доколку Де Бројне одлучи кариерата да ја продолжи во Аргентина.