Ривер плејт се засили со светски шампион

Аргентинскиот гигант Ривер плејт се засили доведувајќи го во своите редови искусниот Маркос Акуња. Се работи за 32-годишен лев бек кој доаѓа како слободен играч откако на заеднички договор ја раскина соработката со Севилја, која требаше да трае до јуни 2025 година.

Акуња беше дел од аргентинската репрезентација која пред нецели две години стигна до златото на Мундијалот во Катар. Искусниот играч потпиша договор кој го обврзува да остане во Ривер до 2027 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by River Plate (@riverplate)

Аргентинскиот гигант не тргна според посакуваното во првенството, па по 11 одиграни меча се наоѓа на деветтото место со 16 бода, седум помалку од лидерот Хуракејн.

Ривер ноќеска на својот легендарен стадион „Монументал“ ќе игра против Таљерес Кордоба во реваншот од осминафиналето на Либертадорес купот. По првиот меч, Ривер на гости победи со 1:0 и сега е голем фаворит да оди во следната фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести