Аргентинскиот гигант Ривер Плејт може да се пофали со фасцинантно достигнување, втора година по ред е најпосетуваниот фудбалски тим во светот.
Просечната посетеност на клубот на домашен терен беше 84.567 гледачи по натпревар.
Клубот објави дека го распродаде „Монументал“ на 75 натпревари по ред, подвиг кој им помогна да бидат пред големите европски имиња како Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед кои се најдоа зад Ривер. Борусија на светот е втора со просек од 81.365 гледачи.
Две главни причини се клулни во овој успех на Ривер: лесното купување билети преку Интернет преку платформата River ID и неодамнешната модернизација и проширување на стадионот „Монументал“ кој е најголемиот стадион во Јужна Америка и 12-ти најголем во светот.