28.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Ривер плејт на спектакуларен начин им даде почит на светските прваци

Аргентинскиот гигант Ривер плејт го одигра првиот меч на домашен терен во новата сезона, а „фештата“ се случи пред почетокот на средбата. Навивачите на Ривер не заборавија да им оддадат почит на аргентинските фудбалери кои стигнаа до светската титула на Мундијалот во Катар.

Џиновски портрети на секој репрезентативец на Аргентина кој некогаш имал поврзаност со Ривер плејт, а, секако, не смееше да се заборави ниту капитенот Лионел Меси, за кого беше загарантирана централната позиција.

Малку фалеше славеничката атмосфера на Ривер да биде расипана со пораз затоа што домаќините на полувремето губеа со 0:1 од Аргентинос јуниорс, но во вториот дел направи пресврт и стигна до победа од 2:1.

- Оглас -

Најнови вести