10.8 C
Skopje
понеделник, 27 октомври 2025

Ривс со монструозна партија го водеше Лејкерс до триумф, Далас конечно победи (Видео)

Иако Лука Дончиќ е повреден и не настапи на мечот против Сакраменто, сепак, во редовите на ЛА Лејкерс се појави достојна замена барем кога се работи за поените. Словенецот имаше 92 поени на првите два меча, но Остин Ривс против Кралевите постигна неверојатни 51 поен и беше лидер во победата од 120-127 на гостински терен.

Својата прва победа во новата НБА сезона ја забележаа кошаркарите на Далас, кои на домашен терен беа подобри од Торонто со 139-129.

Резултати:

Минесота – Индијана 114-110
Далас – Торонто 139-129
ЛА Клиперс – Портланд 114-107
Сакраменто – ЛА Лејкерс 120-127

- Оглас -

Најнови вести