РК Алкалоид: АЕК не сакаше да излезе на терен, во комуникација сме со ЕХФ

Реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК Атина не се одигра. Гостите не сакаа да излезат на терен и да го одиграат мечот под закана од своите навивачи, на кои не им било дозволено да допатуваат.


По ова, се очекува Алкалоид да биде прогласен за шампион на ова натпреварување, мечот да биде регистриран со службен резултат 10-0, а со оглед дека и првиот меч во Атина го доби со 25-29, нема никакви дилеми дека македонскиот клуб треба да биде новиот првак. Но, со ЕХФ никогаш не се знае, додека не биде објавена официјална одлука, најверојатно во вторник.

„Реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина, за жал не се одигра. Екипата на АЕК не сакаше да излезе на теренот и мечот беше откажан. РК Алкалоид е во комуникација со Европската ракометна федерација и во моментот кога ќе имаме официјална информација за целиот случај истата ќе биде објавена“, се вели во соопштението на РК Алкалоид.

- Оглас -

Најнови вести