15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

РК Алкалоид ќе им ги рефундира парите на навивачите кои имаа купено билети

Ракометниот клуб Алкалоид објави информација околу начинот на рефундирање на парите за купените билети за мечот со АЕК кој не се одигра. Ќе им бидат вратени парите на сите кои купиле билети за неодиграното финале на Европскиот куп.

„Почитувана публико,

Уште еднаш ја изразуваме нашата БЛАГОДАРНОСТ што ни дадовте безрезервна поддршка и што во голем број дојдовте во СЦ „Борис Трајковски“ на финалниот меч од Европската лига на ЕХФ. Жалиме што натпреварот не се одигра затоа што гостинскиот состав не сакаше да излезе на теренот и спортски да се бори за пехарот од ова натпреварување.

Вашите билети купени онлајн ќе бидат рефундирани во период од 15 работни дена. Средствата ќе ги добиете директно на вашата сметка преку која сте ги купиле билетите. Билетите што се купени од продажно место ќе можат да бидат рефундирани од местото на купување со приложување на соодветната фискална сметка и на билетот.

Уште еднаш ви се заблагодаруваме за континуираната поддршка и трпение. Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси во иднина.

Со почит,

Ракометен клуб Алкалоид“, стои во соопштението на клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести