Ракометниот клуб Алкалоид официјално претстави четири нови ракометари. Тоа се Марко Кизиќ, Никола Костески, Михаил Ивановски и Франциско Оливеира Да Силва.
Марко Кизиќ (23 г. голман) е долгогодишен репрезентативец на Македонија во сите категории кој доаѓа од редовите на РК Е. Пелистер, а зад себе има настапи и во РК Вардар 1961.
Никола Костески (31 г., десно крило) е репрезентативец на Македонија кој последната сезона ја мина во чешки Плзен каде редовно беше меѓу најдобрите стрелци. Низ својата кариера Костески играше за Холабрун и Линц (Австрија), Татран Прешов (Словачка), Ешкишехир (Турција), како и македонските клубови Металург и Борец.
Михаил Иваноски (21 г., десен бек) е млад македонски ракометар кој во редовите на РК Алкалоид доаѓа од РК Мулти Есенс, во чии редови имаше забележителни настапи и оствари играчки напредок во кариерата.
Франциско Оливеира Да Силва (25 г., лев/среден бек) е португалски интернационалец кој доаѓа од редовите на унгарски Егер, а претходно настапуваше за Гвадалахара во шпанската АСОБАЛ-лига, како и за Виторија и Брага во Португалија.