РК Алкалоид со моќна победа во својот прв меч, најави пласман во Суперлигата

Новиот ракометен клуб Алкалоид, имаше одличен старт на новата сезона во Првата лига (второ по ранг натпреварување кај нас, зад Суперлигата), откако славеше над Металург РА со убедливи 37-18.

Алкалоид е клуб што беше формиран летово, и има задача со искусен стручен штаб (Љубомир Савевски е главен тренер, му помагаат Биљана Црвенковска, Бранислав Ангеловски и Влатко Котески, а кондициски тренер е Петар Баснарков) кој води тим со млади и талентирани играчи, да обезбеди влез во елитното друштво. Мечевите како домаќини ги играат во „Борис Трајковски“, а според тоа како тргнаа, нема да биде изненадување ако успеат.

Крилото Стојков беше прв стрелец на Алкалоид со девет погодоци, седум постигна Кофиловски, а шест имаше Тодески.

- Оглас -

Најнови вести