РК Алкалоид вечерва го игра еден од најважните мечеви во својата историја

Алкалоид е единствениот македонски претставник во ракометните европски купови во моментов, а вечерва од 19 часот во салата „Автокоманда“, тимот на тренерот Кирил Лазаров игра со Минаур Баја Маре со надеж дека ќе се пласира во полуфиналето на Европскиот куп.

Полуфиналето е реалност, после првиот меч во Романија заврши нерешено 31-31, сега Алкалоид игра дома, но задачата нема да биде лесна.

„Овој меч е од големо значење како за клубот, така и за македонскиот ракомет и спорт, и доста претпазливо ќе влеземе во реваншот“, најави Лазаров кој нема да смета на својот можеби клучен играч Марко Митев за кого сезонава е завршена, па како и на првата средба, ова отсуство треба да се покрие со преземање на поголема одговорност на останатите поединци.

Судиите ќе бидат од Данска.

Ако Алкалоид се пласира во полуфиналето, во таа фаза ќе се соочи со подобриот од дуелот помеѓу Олимпијакос и Рунар Сандерфјорд. Првиот меч го добија Грците со 37-31, вечерва е реваншот во Норвешка.

Во Sport Life има богата понуда на игри за овој меч во Скопје на кој Алкалоид може првпат во историјата да стигне толку далеку во европските купови. Според квотите, Алкалоид е минимален фаворит за победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести