Ракометниот клуб Вардар ќе доведе голман од Португалија. По заминувањето на Мартин Томовски, еден од приритетите на вардарци беше да ангажираат нов голман, а изборот падна португалскиот чувар на мрежата Мигуел Еспиња Фереира.
Фереира е триесетгодишен голман кој потекнува од Бенфика, а минатата сезона бранеше за шпанскиот тим Балонмано Куенка со кој настапуваше во Европската лига.
Еспиња е и повремен португалски репрезентативец.
РК Вардар ги почна подготовките за новата сезона во која ќе настапува и во групите од Европската лига.