Ракометарите на Вардар 1961 вечерва (20:45 часот) му гостуваат на Мелсунген во последниот натпревар од главната рунда во Европската лига. Црвено-црните влегуваат во овој дуел како лидери во групата 3 и ќе имаат шанса да обезбедат директно место во четвртфиналето.
Вардарци доколку не загубат, одат директно во четвртфиналето.
Од друга страна, Мелсунген ќе се пласира во четвртфиналето со победа против Вардар 1961.
На Кристијанштад му е потребна победа против Бенфика за да избори пласман во четвртфиналето од Европската лига.
Првиот меч во Скопје заврши со победа на македонскиот тим од 37-33, но тогаш бундеслигашот дојде во Скопје речиси со вториот тим, па сега Роберто Гарсија Парондо сигурно ќе ги употреби сите свои адути.
Според квотите, Мелсунген е фаворит за триумф на вечерашниот меч.


