1.8 C
Skopje
вторник, 2 декември 2025

РК Вардар нема притисок да победи, но е фаворит против Тулуз (Фото)

РК Вардар вечерва (18.45 часот) го игра последниот меч од групната фаза на Лигата на Европа и во Скопје гостува екипата на Тулуз. Мечот нема резултатско значење за двете екипи бидејќи Вардар сигурно е пласиран во Топ 16, а Тулуз тука го завршува играњето во Европа.

Сепак, тренерот Иван Чупиќ посакува победнички крај на групната фаза од Лигата на Европа и нова радост за навивачите.

„Добра недела е зад нас, две важни победи против Сесвете за пласман во ТОП 16 и потоа во дербито со Охрид. Ни доаѓа Тулуз, овој натпревар нема значење, но играме добро, се подготвивме добро и сакаме да запишеме уште една победа да го завршиме групниот дел без пораз на домашен терен. Сакаме да им покажеме на нашите навивачи како Вардар сака да игра на секој натпревар и тоа е мотив за денешниот натпревар. Мора да дадеме сѐ од себе, со енергија, со говор на тело, со позитива меѓу нас“, изјави Чупиќ.

Според квотите, РК Вардар е сериозен фаворит за триумф на овој дуел.

 

- Оглас -

Најнови вести