Поради големиот интерес за натпреварот од четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Вардар и ПИК Сегед, од деенска ќе биде пуштен дополнителен контингент билети.
Преку онлајн-продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба дополнителни 500 билети. Тие се за секторот стоење.
Цената на билетите е 200 денари.
Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед е закажан за четврток, 25 април, во 20 часот, во СЦ „Јане Сандански”.