РК Вардар 1961 ќе се пресели во салата „Расадник“, односно ќе се врати во својот некогашен дом, кога реновирањето ќе биде завршено. Ова го потврди првиот човек Михајло Михајловски.
„Салата ‘Расадник’ се реновира и по ветување на изведувачот, но и на градоначалникот на Кисела Вода, Вардар од септември ќе се пресели таму. Тоа е салата во која Вардар играл порано. Таму ќе ги играме мечевите од домашното првенство, а дерби-дуелите против Пелистер, Алкалоид и дуелите од Европа ќе ги играме во ‘Јане Сандански’“, истакна Михајло Михајловски.
Црвено-црните отвораат една нова ера, со Иван Чупиќ како нов стратег на тимот.