-3.2 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

РК Вардар стартуваше со подготовки, ќе учествува на силен турнир во Хрватска

РК Вардар 1961 ги започна зимските подготовки. Во првата фаза Црвено-црните ќе тренираат во Скопје, по што ќе се преселат во Хрватска, каде што ќе ја темпираат формата за претстојните пролетни предизвици на домашната и на европската сцена.

Кон крајот на јануари вардарци ќе заминат во хрватскиот Лабин, каде што ќе учествуваат на реномираниот меѓународен турнир заедно со Слован Љубљана, Сесвете и Загреб. Во овој период клубот ќе биде ослабен поради отсуството на неколку ракометари кои се со своите репрезентации на меѓународни натпреварувања.

Десниот бек Урош Митровиќ настапува за Србија на Европското првенство, додека голманот Милош Валах, пивотот Виктор Јанковски и десниот бек Марек Марчињак се дел од полската селекција. Средниот бек Николас Боно, пак, го брани дресот на Аргентина на шампионатот на Средна и Јужна Америка.

РК Вардар 1961 продолжението на Супер лигата ќе го отвори на 7 февруари со натпреварот против Куманово, а на 17 февруари го очекува и гостувањето кај Бенфика во првиот меч од осминафиналето во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести