Најтрофејниот ракометен клуб во Македонија Вардар на свој терен загуби од Еурофарм Пелистер во мечот кој решаваше за титулата. Битолчани победија со 32:30 и на тој начин го одбранија тронот. Пелистер трета година по ред е првак на Македонија.
Денеска од редовите на Вардар стигна и чистатка до вечниот ривал. Вистински спортски потег од Црвено-црните кои покажаа големина и во поразот.