Арјен Робен не го напушта само Баерн, туку и Европа

Арјен Робен по завршувањето на оваа сезона, си заминува од Баерн Минхен и својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во јапонски клуб. Искусното холандско крило е многу блиску до конечна одлука да ја прифати понудата од ФК Токио.

Робен, кој има 35 години, сезонава влезе во игра само на 14 меча и ако замине во земјата на изгрејсонцето, би ја продолжил низата на ѕвезди кои пред пензионирање, решиле да играат во јапонската Џеј лига. Пред него, тоа го сторија играчи како Андрес Иниеста, Лукас Подолски и Фернандо Торес.

Робен со Баерн освои 19 трофеи, од кои седум во Бундеслигата и една титула во Лигата на шампионите, во 2013 година, со негов гол за 2-1 во финалето против Борусија Дортмунд. Имаше понуда да се врати во ПСВ Ајндховен, но ја одби. Освен за ПСВ и Баерн, Робен играше и за Гронинген, Реал Мадрид и Челзи.

- Оглас -

Најнови вести