Робен потврди: Ова е мојата последна сезона во дресот на Баерн

Крилото на Баерн Минхен, Арјен Робен, потврди дека ова е неговата последна сезона во дресот на актуелниот германски првак. Холаѓанецот ја игра десеттата сезона во редовите на Баерн, неговиот актуелен договор со клубот истекува во јуни 2019 година, па двете страни се согласија дека нема да има продолжување на истиот.

Робен несомнено е еден од најдобрите фудбалери кои го носеле дресот на Баерн. Во 10 сезони, триесет и четиригодишниот крилен играч освои 19 трофеи со германскиот клуб, настапи на повеќе од 300 натпревари на кои запиша 134 погодоци и 101 асистенции.

Навивачите на Баерн најмногу ќе го паметат по круцијалниот гол за 2-1 во самиот финиш на мечот против Борусија Дортмунд во финалето од Лигата на шампионите во 2013 година, по кој Баерн по петти пат го подигна европскиот пехар.

- Оглас -

Најнови вести