Робен заигра по 456 дена пауза: Мило ми е што повторно згазнав на фудбалското зеленило

Арјен Робен денес се појави на фудбалските терени по 456 дена пауза, поточно откако ја најави својата пензија. Во пријателскиот натпревар против холандскиот второлигаш Алмере, Робен почна од првата минута за матичниот клуб Гронинген и одигра половина час според договорот со тренерот Дени Бујс.

Робен во 31-та минута му го отстапи местото на Рамон Лундквист, кој пред паузата погоди за конечните 1-1.

„Мило ми е што повторно згазнав на фудбалското зеленило“, истакна легендата на Баерн Минхен по мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести