Роберт Левандовски е најдобар фудбалер за 2020 година

Според изборот на ФИФА, најдобриот фудбалер за 2020 е Роберт Левандовски. Наградата „The Best“ оваа година сосема заслужено заврши во рацете на бомбардерот на Баерн Минхен, кој блескаше во дресот на Баварците во сезоната 2019/20, освојувајќи ги сите трофеи на тимски и индивидуален план.

Левандовски доби повеќе гласови од Кристијано Роналдо и минатогодишниот добитник на наградата, Лионел Меси. Минатата сезона Левандовски запиша 55 погодоци во вкупно 47 настапи во сите натпреварувања, а во исто темпо продолжи и во тековната сезона.

Јирген Клоп вторпат во низа ја освојува наградата за најдобар тренер откако го одведе Ливерпул до титулата во Премиер лигата по 30 години пауза. Клоп во оваа категорија доби повеќе гласови од Ханс Дитер Флик, тренерот на Баерн Минхен, како и Марсело Бјелса, менаџерот на Лидс јунајтед.

Најдобрите 11 според ФИФА: Алисон Бекер, Трент Александер-Арнолд, Вирџил ван Дајк, Серхио Рамос, Алфонсо Дејвис, Џошуа Кимих, Кевин де Бројне, Тијаго Алкантара, Лионел Меси, Робер Левандовски и Кристијано Роналдо.

Најдобар фудбалер: Роберт Левандовски (Баерн Минхен)

Најдобар тренер: Јирген Клоп (Ливерпул)

Најдобар голман: Мануел Нојер (Баерн Минхен)

Најдобар погодок: Хеунг-мин Сон (Тотенхем)

Најдобра фудбалерка: Луси Бронз (Олимпик Лион, САД)

Најдобар женски тренер: Сарина Вигман (Холандија)

Најдобра голманка: Сара Буади (Олимпик Лион)

 

 

- Оглас -

Најнови вести