Роберт Левандовски е пред нов европски рекорд, но мора да даде гол

Љубителите на фудбалот го очекуваат дуелот на Баерн Минхен со Атлетико Мадрид, ќе се види дали екстра голгетерите Роберт Левандовски и Луис Суарес ќе може да ги засенат одличните голмани Мануел Нојер и Јан Облак, а Полјакот од Баерн има и еден голем мотив плус да ја затресе мрежата на Јорганџиите.

Левандовски има серија од девет меча по ред во групната фаза на коишто дава гол и е изедначен на вечната листа со Кристијано Роналдо. Доколку Лева погоди и вечерва, ќе има низа од даден барем еден гол на десет меча по ред од групната фаза и тоа би било рекорд. Левандовски во минатата сезона даде 10 гола во групната фаза, а заврши со 15.

Најопасното оружје во нападот на Баварците е во форма, во октомври има дадено шест гола на лигашки мечеви и уште два за репрезентацијата, па одбраната на Атлетико ќе биде ставена на сериозен тест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести