Роберто Карлос ги критикува своите: Бразил го загуби идентитетот

Легендарниот бразилски фудбалер, Роберто Карлос, во интервју за англискиот весник „Телеграф“ зборуваше за претстојното Светско првенство во Катар и упати критики за своите Кариоки.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, смета дека бразилската репрезентација го загубила индентитетот и повеќе не е тоа што некогаш била, односно Кариоките повеќе не играат убав фудбал.

„Бразил го загуби својот идентитет, ја загуби убавината во играта“, смета Роберто Карлос.

Легендарниот лев бек, во својата кариера играше на четири Светски првенства, и на две ја освои титулата, во 1994 и 2002 година.

„Тогаш напаѓавме и игравме тимски, но ѝ се браневме многу подобро од сега. Ние бевме многу сигурни во нашата игра“, додава Карлос.

- Оглас -

Најнови вести