Еден од најдобрите бекови во историјата на бразилската репрезентација, Роберто Карлос откри дека во текот на кариерата се стекнал со нераскинливо другарство со Роналдо. Најголемиот дел од кариерата Карлос ја помина во Реал Мадрид, каде играше и неговиот сонародник Роналдо, со кого беа долги години заедно и во дресот на петкратниот светски репрезентативен првак.
„Роналдо го запознав во 1993 година и тогаш започна нашето пријателство. Секогаш сме биле цимери. И во репрезентацијата и во Реал. Можам да ви кажам дека повеќе пати има спиено со Роналдо, отколку со сопствената жена“, откри Карлос во една забавна телевизиска емисија.