Поранешниот лев бек на бразилската репрезентација Роберто Карлос изјави дека неговиот сонародник Роналдо му ја украл Златната топка во 2002 година.
Роналдо стана најдобар стрелец на Светското првенство во 2002 година со 8 гола, постигнувајќи два во финалето против Германија, и тоа беше клучно за тој да го добие признанието, иако пропушти доста мечеви поради повреда, а Карлос заврши како втор во тоа рангирање.
„Секогаш му велам на Роналдо дека Златната топка е моја и дека тој ми ја украде. Слушнав дека јас сум фаворит пред финалето на Светското првенство. Ја изгубив наградата за 90 минути. Но, ако размислите добро, одбранбен играч да биде втор во гласањето за Златната топка е нешто неверојатно. Ја освоија само Бекенбауер, Замер и Канаваро. Второто место е причина да бидам горд“, изјави Карлос.