Роберто Карлос за Рој Хоџсон: Човекот не се разбира од фудбал!

Еден од најдобрите леви бекови во историјата на фудбалот, бразилската легенда Роберто Карлос, остро го искритикува својот бивш тренер Рој Хоџсон. Карлос за Хоџсон вели дека врска нема од фудбал бидејќи барал да игра во средниот ред, а не како бек.

Карлос за Хоџсон играше во Интер од 1995 до 1996 година. Вели дека Британецот му ја уништил подготовката за Копа Америка во 1997.

„Хоџсон ме уништуваше. Ме тераше да играм во средниот ред, а во националниот тим на Бразил никогаш не би ме пуштиле да играм на таа позиција. Односите не ни беа лоши, но тој едноставно не се разбираше многу од фудбал”, вели Карлос.

Потоа нискиот Бразилец побарал да си замине, добил дозвола и од 1996 до 2007 беше еден од симболите на Реал Мадрид (уште е странец со најмногу настапи за Кралскиот клуб) и во тој период со Реал и Бразил ги освои најзначајните трофеи во светот на фудбалот. Кога дојде во Реал, тренер му беше Фабио Капело, за кого вели дека му е најважниот тренер што го имал во кариерата.

Хоџсон сега има 72 години, го води Кристал палас, а каква грешка направи со Роберто Карлос, покажува и еден друг податок. Пред 25 години, тој како леви бекови на Интер ги користел Феличе Чентофанти и Алесандро Пистоне, а Карлос има бил резерва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести