3.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Роберто Манчини се враќа на Блискиот Исток?

Роберто Манчини веќе една година е без тренерски ангажман откако се раздели со Саудиска Арабија, на чија репрезентација беше селектор. Италијанецот имаше цел да преземе клуб од Серија А, а беше помеѓу главните кандидати за наследник на Игор Тудор во Јувентус.

Токму затоа првично ја одбил понудата на Ал-Сад од Катар, но откако не ја доби довербата од раководството на Старата дама, Манчини сепак на крајот ќе се врати на Блискиот Исток.

Според Фабрицио Романо, Манчини ќе биде новиот тренер на катарскиот Ал-Сад, а договорот ќе биде со важност само до крајот на тековнава сезона, со можност ако двете страни се договорат, да биде продолжен и за наредната.

 

- Оглас -

Најнови вести