Роберто Мартинес прави чуда со напаѓачите, прво го прероди Лукаку, сега и Роналдо

Шпанскиот стручњак Роберто Мартинес, кој од 2016 до 2022 беше селектор на Белгија, а сега ја води Португалија, се покажува како селектор кој знае да извади максимум од напаѓачите, и бројките го потврдуваат тоа.

Ромелу Лукаку имаше 17 гола на 51 меч (0.33 гола по меч) пред Мартинес да ја преземе Белгија, а со Мартинес на клупата, Лукаку даде 51 гол на 53 меча, што е просек од речиси еден гол по натпревар.

Мартинес го прероди и Кристијано Роналдо, кој за време на Светското првенство во Катар беше во втор план и повеќе седеше на клупа на последните мечеви. Во 2022 година Роналдо даде само три гола на 12 меча за Португалија.

По доаѓањето на Мартинес, тој не само што не се откажа од рекордерот по број на голови, туку играта на тимот е поставена да му одговара на Роналдо. Годинава Кристијано повторно е машина за голови во дресот на националниот тим. Има 10 гола на седум меча, просек од 1,43 гола по меч.

- Оглас -

Најнови вести