Ја стави книгата на Кени наместо ногарка: Далглиш секогаш ми бил тука за поддршка (Фото)

Ендрју Робертсон, бекот на Ливерпул, си размени по една шега со клупската легенда Кени Далглиш. Енди неодамна објави автобиографска книга и многумина го пофалија Шкотланѓанецот за сработеното. И Далглиш, кој со Ливерпул освои шест титули во Англија, доби еден примерок од книгата, но не беше воодушевен од неа, или барем сакаше да се шегува со Робертсон.

„Благодарам за книгата. Прекрасен седатив е“, се пошегува Далглиш, кој така „здодевната“ книга ја препорача за луѓето полесно да заспијат.

На оваа провокација не остана должен ни Робертсон, кој исто така покажа смисол за хумор. Тој одговори со фотографија на која една масичка која ја има дома се потпира со биографијата на Далглиш како ногарка.

„Сер Кени секогаш ми бил поддршка“, порача Робертсон.

- Оглас -

Најнови вести