Робертсон: Ова е само потсетување колку е тешко да се игра на Европското првенство

Шкотска имаше очаен старт на Европското првенство. Налета на расположен домаќин и загуби со 5-1 од Германија.

Енди Робертсон е разочаран, но вели и дека Шкотска мора ова брзо да го надмине, затоа што следи вториот меч против Швајцарија.

„Игравме против домаќинот во првиот натпревар и не може да биде многу потешко од тоа. Имаше многу работи погрешни во нашата игра и мораме да го средиме тоа многу брзо бидејќи потребен ни е пресврт. Ова е само потсетување за тоа колку е тежок овој турнир, играме против селекции од светска класа. Не одигравме максимално, а тоа мора да се направите на Европско првенство. Ќе го земеме утрешниот ден за да бидеме лути и разочарани на себе, а потоа треба да бидеме позитивни и подготвени за Швајцарија, што ќе биде уште еден тежок тест“, изјави Енди Робертсон.

- Оглас -

Најнови вести