10.8 C
Skopje
среда, 19 ноември 2025

Робертсон по пласманот на Шкотска на СП: „Знам дека Диого Жота сега е насмеан“

Репрезентацијата на Шктоска со голови во 93-тата и во 98-мата минута дојде до победа од 4-2 над Данска и директен пласман на Светското првенство 2026. Капитенот на Шкотска, Ендрју Робертсон, победата му ја посвети на неговиот поранешен клупски колега од Ливерпул, Диого Жота, кој загина со сообраќајна несреќа пред четири месеци.

„Знаев дека ова можеби е последната шанса за мене да играм на Светското првенство. Не можев од глава да го извадам мојот пријател Диого Жота. Многу зборувавме за Светското првенство. Двајцата го пропуштивме Катар. Зборувавме колку би било убаво и двајцата да играме на Светското првенство. Знам дека сега ми се смее некаде од горе.“ – рече Робертсон.

Шкотска по десеттипат ќе игра на Мундијалите, но последен пат учествуваа во 1998 година во Франција.

- Оглас -

Најнови вести