27.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Роби Кин им порача на Бугарите дека на реваншот ќе виделе што е вистинска атмосфера

Ирската фудбалска легенда Роби Кин, кој е тренер на унгарскиот првак Ференцварош, смета дека неговиот тим требало да победи на гостувањето кај Лудогорец и верува дека тоа ќе го направи на реваншот кога ќе имаат силна поддршка од публиката.

Еден од овие два тима ќе биде следниот ривал на Шкендија во Европа, само не се знае дали во плејофот за влез во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа. Како што стојат работите, најголеми се шансите за варијантата Шкендија да се бори против бугарскиот Лудогорец за место во Лигата на Европа.

„Требаше да победиме врз основа на шансите што ги создадовме во првото полувреме. Во второто полувреме не бевме толку доминантни, но можевме повторно да постигнеме гол. Лудогорец е добар тим, со квалитетни крилни играчи. Сега реваншот е во Будимпешта и ќе видите вистинска атмосфера. Очекувам одлична атмосфера. Нашите фанови ќе викаат, ќе скандираат и ќе го водат тимот напред“, вели Кин.

- Оглас -

Најнови вести