Роби Нилсон го разбуди гигантот, Данди јунајтед се надева на чудо

Како загревање за стартот на квалификациите за ЕП во 2020 година, денеска и утре има мал дел на фудбалски натпревари од пониските лиги во Европа, а ќе се игра и Копа Судамерикана во Јужна Америка. Ви нудиме пет предлог типови со анализа на натпреварите закажани за денеска.

Данди јунајтед – Рос каунти (20.45 часот)

Дуелот е да се биде или не за двете екипи, особено за Данди јунајтед. Гигантот на шкотскиот фудбал заглави во втората лига, а со победа против лидерот Рос каунти, може да се надева на битка до последен здив за директен пласман во највисок ранг.

Секој друг исход вечерва на „Тенедајс парк“ во Данди ќе значи промоција на Рос каунти во нов прволигаш. Данди јунајтед има и дополнителен мотив, ќе сака да се реваншира за дебаклот од 1-5 што го доживеа при последното гостување на Рос каунти.

Во Данди јунајтед велат дека сега ситуацијата е сосема поинаква, Роби Нилсон умешно ја води таканаречената фудбалска револуција, или будење на гигантот на шкотскиот фудбал, па се надеваат на победа и на чудо, иако на 9 меча до крајот на шампионатот заостануваат со 11 бода зад лидерот Рос каунти.

Предлог тип: 1Х&2+ (1.90) Квота на денот

 

Барнет – Херогејт Таун (20.45 часот)

Тимот за којшто играше и славниот Едгар Давидс е едно од најголемите разочарувања сезонава во Националната лига на Англија. Барнет требаше да биде прв кандидат за промоција во повисок ранг, но сега се бори за опстанок.

Има само 4 бода повеќе од екипите што се во зоната за испаѓање и има разочарувачка сезона. За разлика од него, Херогејт Таун е кандидат за настап во плејофот за пласман во повисок ранг, а ако одигра добар финиш на сезоната, може и да се надева на директен пласман во повисок ранг, иако тоа ќе биде тешко.

Двете екипи имаат мотиви да ги освојат бодовите, па веројатно најдобро е да се одигра на голови.

Предлог тип: 1-3I& 1-3II (2.00) Квота на денот

 

Бервик – Питерхед (20.45 часот)

Питерхед е на добар пат да се пласира во Лига еден во Шкотска, а во последно време игра во топ форма и има пет победи по ред.

Вечерва ќе му гостува на слабиот Бервик, па ќе имаме дуел на претпоследниот со лидерот во Лига два.

Бервик нема триумф на последните 10 меча, а ги загуби и последните пет меча против Питерхед како домаќин. На последното гостување моментниот лидер на табелата го прегази Бервик со 5-0, а и сега ситуацијата во двата табори „мириса“ на слично сценарио.

Предлог тип: 2-2&4+ (3.05)

 

Клајд – Елџин (20.45 часот)

Клајд ќе игра бараж за пласман во повисок ранг, а Елџин речиси и нема шанси за такво нешто бидејќи заостанува со големи 11 бодови зад Анан и цели 16 зад денешниот ривал.

Двете екипи се ефикасни, немаат некаква можност за напредување на табелата, па се очекува ефикасен меч. Тоа го потврдува и традицијата, а на последните девет од десет натпревари на Клајд и Елџин секогаш имало ГГ и минимум три гола.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.88)

 

Унион Еспањола – Мушук Руна (23.15 часот)

Ова е меч од првото коло во Копа Судамерикана, или латиноамериканската верзија на Лигата на Европа на Стариот Континент.

Чилеанците и лани играа во ова натпреварување и не се прославија бидејќи рано испаднаа во двомечот со Спорт Хуанкајо од Перу. Годинава имаат и посилен тим и поголеми амбиции, па се фаворити против дебитантот во Копа Судамерикана Мушук Руна.

Интересен е начинот на којшто еквадорскиот тим стигна до натпреварите во второто по степен клупско натпреварување во Јужна Америка. Мушук Руна беше второлигаш до лани, го освои првото место во Серија Б, а според чудното правило, доби можност да игра плејоф-меч со екипата која според позицијата на табелата во Првата еквадорска лига, требаше да игра во Копа Судамерикана.

И што е уште поинтересно, Мушук Рина ја искористи шансата, па ќе ја памети сезоната што заврши и по тоа што стана прволигаш и што ќе игра и во реномираното клупско натпреварување на Јужна Америка. Но и ќе бидат големи аутсајдери против Чилеанците, кои се поискусни и поквалитетни.

Унион Еспањола е во серија од 4 победи, Мушук Руна во Еквадор има три порази на последните 4 натпревари, па се очекува домашна победа или најмногу реми за гостите.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.85) Квота на денот

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести