Робињо џабе избега од Италија, сега ќе треба девет години во затвор да лежи во Бразил

Некогашниот бразилски репрезентативец Робињо е во голема неволја. Робињо во Италија беше прогласен за виновен за силување на една девојка и Судот во европската земја го осуди на девет години затворска казна.

Сепак, Италија не успеа да ја спроведе оваа казна затоа што Робињо беше надвор од земјата, односно беше вратен во родниот Бразил. Италија и Бразил немаат потпишано договор за испорачување на затвореници, па Робињо веруваше дека се спасил од одење зад решетки.

Сепак, Италија од бразилските власти побара Робињо казната да ја „одлежи“ во родната земја, а Врховниот суд во Бразил донесе одлука. Со девет гласови „за“ и само два „против“, Бразил го прифати барањето на Италија за Робињо да оди во затвор во родната земја. Веќе е издаден и налог за апсење на Робињо и наскоро се очекува тој да биде во затворската келија.

Робињо беше осуден поради силување на една 23-годишна девојка во ноќен клуб во Милано во 2022 година. Овој 40-годишен Бразилец е втор во краток период што ќе лежи во затвор поради силување, откако неодамна Дани Алвес беше осуден на четири и пол години поради силување девојка во ноќен клуб во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести