Роботи ќе ги заменат тренерите во иднина? (Видео)

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, неодамна изјави дека еден ден во улога на тренери ќе се појават роботи, и ја шокираше јавноста во Велика Британија. Многумина сметаат дека тоа е нереално, но на навивачите им се допаѓа другата луда идеја на Венгер, а тоа е публиката преку анкета да одлучуваат која измена да биде извршена.

Технологијата напредува, скаутирањето оди преку податоци на Интернет, а влијанието на социјалните мрежи е големо, самиот Венгер беше жртва на коментарите по социјалните мрежи.

„Живееме во свет на вештачка интелигенција. Модерниот менаџер кога носи одлуки, се потпира на своето знаење, но покрај себе има и тројца до четворица стручњаци кои собираат податоци и со нивна помош, тој е поефиксен“ – вели Венгер.

Роботи веќе постојат во фудбалот. Од 1996 година се игра таканаречениот Робокуп, а основачите сонуваат дека до 2050 година, тимот на роботите би можел да учествува на Светско првенство.

Последното натпреварување на роботи се одржа во Монтреал. Учествуваа 5.000 роботи од 35 земји. Тие не се многу талентирани за играње фудбал, мечевите не се спектакуларни, но може да бидат од полза при одредување на замени и која тактика ќе се користи.

Погледнете како изгледа кога играат луѓе против роботи:

- Оглас -

Најнови вести