„Роботот“ Федерер го доби најдраматичниот меч досега на ОП на Австралија

Роџер Федерер играше супер тај-брејк во петтиот сет против Џон Милман од Австралија и успеа да слави со 3-2 во сетови и да си закаже осминафинале со Мартон Фучович на Отвореното првенство на Австралија. Во петтиот сет беше 6-6 во гејмови и Милман водеше со 8-4, но не успеа да ги освои и тие два последни поени, па Швајцарецот имаше повеќе нерви и со серија од шест поени по ред, остана на турнирот.

За Федерер ова е беше 100-та победа на Гренд слемот во Мелбурн. Милман пред 18 месеци го елиминираше Федерер на Отвореното првенство на САД, па ова беше своевиден реванш на 38-годишната легенда за тој пораз.

Федерер ја избегна стапицата и не падна во неа како Циципас и Баутиста Агут, за кои денеска заврши настапот на првиот Гренд слем годинава. Сега наместо осминафинале Цуцупас – Баутиста, ќе има дуел на Раониќ и Чилиќ и победникот би играл четврт-финале со Ѓоковиќ ако Србинот го совлада Шварцман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести