Челзи го официјализира четиригодишниот договор со 26-годишниот дефанзивец Тосин Адарабиојо ,кој доаѓа од Фулам, каде што играше четири години.
„Челзи е огромен клуб и ова е среќен момент за мене. Роден сум на три милји од „Стемфорд бриџ“, таму го направив моето професионално деби. Многу сум возбуден и со нетрпение очекувам да помогнам да го туркаме клубот во насоката во која сакаме да одиме“, рече Англичанецот со нигериско потекло.
Роден е во Лондон, порасна во Манчестер, па кариера ја почна во Манчестер сити на петгодишна возраст. Ги мина младинските категории на клубот и беше капитен на У-18 тимот.
Неговото професионално деби пристигна во февруари 2016 година на „Стемфорд бриџ“ со пораз од Челзи. Се некои од новите тимски колеги веќе има играно во минатото и верува дека брзо ќе се адаптира.
„Ако не можеш да ги победиш, придружи им се“, се пошегува Тосин.

