Роден е во бегалски камп, стана НБА потенцијал, сега е најкорисен во АБА 2

Нуни Омот од МЗТ Скопје Аеродром кој синоќа имаше 33 поени и по три скокак и асистенции, а погоди шест тројки од шест обиди, со индекс на корисност од 37 за само 28 минути на паркетот, ја доби наградата за најкорисен поединец во првото коло на втората АБА лига, и веднаш предизвика внимание, и многумина се прашуваат од каде ли дојде во редовите на македонскиот првак.

Омот кој вчера со одлична игра прослави 24 години, дојде од САД, земјата во која се пресели како дете, но првите денови и години од неговиот живот, биле пеколни.

Момчето со прекар Нуни, или Анунва како што му е вистинското име, е родено во бегалски камп во главниот град на Кенија, Најроби. Таму неговите родителите живееле три години, откако стигнале пешачејќи опасни 650 километри од Етиопија, земјата во која беснеела граѓанска војна. Кога стигнале на границата со Кенија, што им било и целта, биле уапсени, и префрлени во бегалскиот камп.

Во 1996 година, Нуни со брат му и мајка им, се преселиле во САД. Мајката морала да работи и две работи за да ги прехрани децата. Кога пораснал, Нуни почнал да тренира американски фудбал, но потоа се префрлил на кошарка.

Во едно интервју, тој кажа дека е среќен што воопшто е жив.

Договорот со МЗТ му е прв професионален во кариерата, а во летото 2018 година беше во летните кампови на НБА тимовите Голден стејт вориорс и Бруклин нетс. Минатата сезона ја мина во Лог Ајленд нетс, кој е тим од развојната Г-лига, филијала на „мрежичките“. Иако е висок над два метра, има многу долги раце и игра како крилен центар, Омот покажа дека е опасен шутер и дека тоа му е најсилната страна.

- Оглас -

Најнови вести