Роденденската забава била јака, Суарес се шегува со Меси, кој е во длабок сон (Фото)

Лионел Меси пред некој ден наполни 35 години, а забавата по тој повод на Ибица била напорна за аргентинската фудбалска суперѕвезда.

Неговиот пријател Луис Суарес, кој бил на забавата, објави фотографија од Меси како спие на кауч со порака: „Поспан си тато? Ајде станувај, 18:09 е часот!“.

Освен Суарес, од познатите фудбалери на роденденската прослава биле и Аргентинците Паредес, Отаменди и Ло Селсо, како и Шпанецот Фабрегас. Забавата почнала на јахта, а потоа покрај еден базен.

Едно е јасно, Меси не е дете, има веќе 35 години и потешко се рехабилитира по напорна забава.

- Оглас -

Најнови вести