Роденденски и најпатриотски тикет: Македонија да ги победи Италија и Малта за супер добивка

Македонија денеска слави 32 години од независноста, период во кој спортот секогаш бил тој што најчесто го сплотувал целиот народ. Успесите во фудбалот, кошарката, ракометот и останатите спортови биле причина низ улиците на Македонија да излезат „река од народ“ и да прославуваат со македонски знамиња, шалови и песни.

Во овој роденденски ден за земјата, повторно во фокусот е еден голем спортски настан. Утревечер Македонија на Арената „Тодор Проески“ ќе биде домаќин на актуелниот европски првак Италија, во дуел од квалификациите за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Германија.

Гостите се апсолутни фаворити, а тоа го покажуваат и квотите во Sport Life. Сепак, свежи се сеќавањата кога пред само една и пол година, Македонија на гостувањето во Палермо ја победи Италија со 1:0 во баражот за пласман на Светското првенство во Катар и ѝ го нанесе еден од најтешките фудбалски удари на светската велесила. Сега да се случи тоа носи квота од точно 10.

По дуелот со Италија, Македонија ќе гостува кај Малта, на 12 септември. Против овој ривал, пред шест месеци се радувавме во Скопје со 2:1, а сега иако играме на гости, повторно се фаворити за победа.

За најголемите патриоти кои веруваат во македонската фудбалска репрезентација, ова е одлична можност да се состави тикет на кој ќе се очекуваат победи на Македонија во дуелите со Италија и Малта, па покрај големата радост, може да се добие и убава заработувачка.

Би било прекрасно чувството, овој роденден на Македонија да се прослави со две фудбалски победи во следните неколку дена.

- Оглас -

Најнови вести