Роденденскиот славеник не дозволи Јуве да киксира против најслабиот тим во Серија А! (Видео)

Јувентус ја победи Венеција со 2-1, а двоен стрелец беше Леонардо Бонучи, дефанзивецот кој по втор пат сезонава даде два гола на еден меч од Серија А.

Ветеранот кој денеска наполни 35 години, до пред оваа сезона никогаш немаше постигнато повеќе од три гола, а сезонава има веќе пет.

Победата го однесе Јуве на чекор од обезбедување место во Лигата на шампионите. Старата дама има цел да го освои третото место, на кое во моментов е Наполи, со еден бод повеќе, а до крајот на сезоната останаа уште три кола.

Ова е голот на Бонучи за победа:

- Оглас -

Најнови вести