Денеска е посебен ден за Ненад Димитријевиќ. Македонскиот плејмејкер го слави 26-тиот роденден, а по тој повод на денешниот тренинг му беше приредено изненадување од КФСМ и соиграчите.
Нено доби торта во вид на неговиот дрес од репрезентацијата со бројот 7.
Непосредно по одработувањето на последниот тренинг во СРЦ „Кале“, селекторот Александар Јончевски се одлучи со кои 12-мина кошаркари ќе го стартува новиот циклус од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Од оние 14-мина кошаркари кои ги има на располагање, селекторот се одлучи вечерашниот меч со Естонија да го „прескокнат“ довчерашните младински репрезентативци, а сега сениорски, Амар Хот и Марин Петков.
Тие остануваат дел од тимот и ќе конкурираат и за наредниот натпревар во овој февруарски ФИБА „прозорец“, односно дуелот со репрезентацијата на Полска закажан за 26 февруари во Сосновиец.