Роџер Федерер се враќа на тенисот!?

Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер најави можност за враќање на теренот – иако тоа би било на мечеви од егзибициски формат.

Федерер во изјава за француски „Л’Екип“ откри дека му недостига тенисот и размислува да се врати на тренинзите, како и да организира егзибициски натпревари ширум светот.

“Би сакал повторно да почнам да тренирам, два до три пати неделно. И се надевам дека наскоро ќе организирам изложби, повторно ќе ги наполнам стадионите низ светот. Се уште ништо не е планирано, но ми недостига”, откри Швајцарецот.

По повлекувањето од професионалниот тенис во 2022 година, Федерер речиси целосно се повлече од теренот.

„Едвај сум играл откако се пензионирав, на телото и на умот ми требаше одмор“, вели Федерер.

- Оглас -

Најнови вести