Роџер разбуди се! Во Швајцарија протести против Федерер

Граѓаните на Берн одржаа масовен протест на кој носеа и пароли против Роџер Федерер. Рекордерот по бројот на освоени гренслем-титули е еден од најславните спортисти во земјата, но овојпат се најде на „лошата страна“.

Граѓаните му замеруваат на спортскиот идол зошто досега не го раскина спонзорството со Швајцарската кредитна банка, која не обрнува доволно внимание за еколошките стандарди и вложува во фосилни горива. Иако Федерер веќе подолго време не е активен на теренот и се рехабилитира по операцијата, граѓаните кои протестираа не заборавија да го потсетат Федерер дека „треба да се разбуди“ и никако веќе да не биде заштитно лице на компанија која не се грижи за животната средина.

 

 

- Оглас -

Најнови вести