Новак Ѓоковиќ со победата од 3-1 во сетови над Карлос Алкарас обезбеди пласман во финалето на вториот годинашен гренслем-турнир, „Ролан Гарос“, и уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите тенисери во историјата.
Првите два сета беа фантастични, за два часа игра, Новак и Алкарас освоија по еден сет, но во третиот сет Шпанецот се повреди и го расипа спектаклот.
Ѓоковиќ последните два сета ги освои со идентични 6-1, а случувањата од полуфиналето на најдобар начин ги опиша поранешниот американски тенисер, Енди Родик.
First he takes your legs …….
— andyroddick (@andyroddick) June 9, 2023
Тој на социјалните мрежи прво напиша дека Новак Ѓоковиќ прво ќе ви ги земе нозете, а потоа во друга објава напиша дека следно што ќе ви земе е душата.